Лутон влезе во серија и го доби лудиот меч со Шефилд, Борнмут седми натпревар без пораз (Видео)

Фудбалерите на Лутон ја забележаа и втората победа по ред откако во минатото коло го изненадија Њукасл, а денес во луд меч дојдоа до победата и над Шефилд јунајтед на гостински терен со 2-3.

Лутон поведе во 17-тата минута преку Дути, но во второто полувреме домашните направија комплетен пресврт преку Мекбрн и Ахмедхоџиќ. Сепак, Лутон не се предаде, продолжи да напаѓа кон противничкиот гол, но пресвртот дојде по два автогола на домашните фудбалери. Робинсон со автогол израмни во 77-мата минута, а победата за Лутон ја обезбеди автоголот на Слимане во 81-вата минута.

Екипата на Борнмут во последните седум натпревари има шест победи и само едно реми, а денес го растури Фулам со убедливи 3-0 со головите на Клајверт, Соланке и Синистера.

Борнмут со оваа победа се искачи на 10-тата позиција, додека Лутон со двете врзани победи дојде до 18-тото место и сега има само еден бод помалку од Евертон, кој е во сигурната зона.

- Оглас -

Најнови вести