Маалската финта му успеа на Дејвис – Барселона не дозволи од готово вересија против Химки (Видео)

Брендон Дејвис му „продаде“ маалска финта на сонародникот од САД Дебон Букер, а Барселона го победи Химки на гостински терен со 102:94 и се израмни на врвот на табелата во Евролигата со Анадолу Ефес и со Реал Мадрид.

Играчот на Барселона, Дејвис постигна само шест поени, но го имаше потегот на мечот, кога со лажно додавање го збуни Букер и лесно поентираше.

https://twitter.com/EuroLeague/status/1203003900967567361?s=20

Барселона си дозволи луксуз да се коцка во последната четвртина, во која влезе со позитива од 14 поени, а Химки стаса на прагот на подвиг, откако намали на три поени. Сепак гостите се вратија во ритам и славеа по петти пат по ред против рускиот тим.

Никола Миротиќ со 28 поени беше најефикасен на мечот, а Алексеј Швед кај Химки беше прв стрелец со 23 поени.

Во вториот меч што се играше денеска од 18 часот Зенит ја забележа третата победа во Евролигата, прва во регуларен дел. Тимот од Санкт Петербург славеше со 75:70 против Асвел.

- Оглас -

Најнови вести