Мадрид е „црвено-бел“: Мората му пресуди на „својот“ Реал (Видео)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид забележаа голема победа над градскиот ривал Реал од 3-1 во дербито на колото во Ла Лига. Одлучувачки фактор на мечот беше поранешниот фудбалер на Кралскиот клуб, Алваро Мората, кој со два гола ја донесе победата за Атлетико.

Она што е интересно на овој меч е фактот дека домашните сите три погодоци ги постигнаа со удари со глава. Резултатот го отвори Мората во четвртата минута, а на 2-0 зголеми Гриезман во 18-тата. До крајот на првото полувреме Тони Крос само успеа да го намали резултатот на 2-1 во 35-тата минута и резултатски да го врати својот тим во игра.

Во второто полувреме единствениот погодок беше дело на Алваро Мората во 46-тата минута, односно во 34-тата секунда од вториот дел.

За Реал Мадрид ова беше прв пораз во тековната сезона, откако имаше пет од пет на стартот од Ла Лига.

Во водство на табелата се каталонските екипи, Барселона и Жирона, со по 16 поени, а со бод помалку од нив е Реал Мадрид на третата позиција. Атлетико Мадрид со оваа победа се искачи на петтата позиција со 10 бода.

Головите од првото полувреме може да ги погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести