Мадридското дерби го предводи новото коло на Спортска прогноза, трката во генералниот пласман е жестока

Четвртата сезона на Спортска прогноза што ја организираат Спорт Манија и Sport Life влегува во финишот, на менито е 34-тото коло, кое е нова шанса за да го имаме првиот добитник на прекрасниот „ајфон 12“.

На паровите од 34-тата рунда може да се типува уште од денеска од 14 часот, до сабота во 16, кога почнува првиот меч од основната понуда, популарната Среќна 13-ка.

Во фокусот се две дербија од шпанската лига, кои може да одлучат некои работи околу местата кои водат во Лигата на шампионите, а може и дополнително да ја замрсат ситуацијата од второ до петто место на табелата.

Атлетико го пречекува Реал Мадрид во градското дерби. Јорганџиите кои во минатата сезона беа шампиони, титулата ќе му ја предадат на Реал, а сега се борат за место во ЛШ. Атлетико е четврти, но ако загуби од Реал в недела вечер, а Бетис в сабота вечер ја победи Барселона, четвртиот Атлетико и петтиот Бетис ќе имаат еднаков број бодови.

Саботната понуда од 34-тото коло, освен Бетис – Барса, ги вклучува и паровите Брентфорд – Саутхемптон, Барнли – Астон вила, Сасуоло – Удинезе и Херта Берлин – Мајнц.

За недела се: Ремс – Ленс, Венеција – Болоња, Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Менхенгладбах, Феенорд – ПСВ, Салернитана – Калјари, Еспањол – Осасуна и Атлетико – Реал.

Има еден меч кој се игра в понеделник вечер, тоа е Фиорентина – Рома. Резервни парови се Брајтон – Манчестер јунајтед и Лестер – Евертон.

Сите 13 двојки, плус двата резервни пара кои се бројат во скорот во генералниот пласман, се од Топ-5 лигите во Европа, што е познат терен за прогнозерите. Играта е бесплатна, сè што ви треба е да имате СЛ картичка од Sport Life и добра стратегија како да се погодат сите 13 пара.

Има награди и за сите што ќе погодат 12 натпревари, и тоа вредносен ваучер од 1.000 денари, а прогнозерите со 11 погодоци ќе добијат по 500 денари вредносни ваучери од Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести