Мадридското дете Мората ѝ се нуди на Барселона

Алваро Мората ѝ е понуден на Барселона и клубот размислува дали да почне преговори за негово ангажирање, а неофицијално, Каталонците се загреани за да го донесат фудбалерот на Челзи.

Мората, кој има 26 години, роден е во Мадрид, од 2008 до 2014 беше во младиот и сениорскиот тим на Реал Мадрид, по една сезона во Јувентус, се врати во неговиот матичен клуб, но откако повторно беше само резерва, остана кратко и премина во Челзи за 65 милиони евра.

На Мората не му се допаѓа ниту статусот во Челзи и бара излез. Според шекулациите на каталонското радио, во Барселона налето би преговорале за доведување на Мората. Доколку се договорат, Мората би бил вториот екстра напаѓач по Самуел Ето кој заиграл за Барса откако не успеал во ривалот Реал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести