Маестрален гол на Руис го нокаутира Интер – Елмас е на чекор до првото куп-финале (Видео)

Елиф Елмас одигра одличен меч за Наполи, а со соиграчите се радуваше на голема победа од 1:0 против Интер во Милано на првиот полуфинален дуел од италијанскиот куп.

Фабијан Руис со маестрален гол во 57-мата минута им донесе голема предност на Наполитанците, кои релативно лесно го прегрмеа тешкото гостување кај лидерот во Серија А.

https://www.youtube.com/watch?v=aSG5s6LWX3E

Интер не беше на посакуваното ниво и ќе мора на реваншот на 5 март да оди на победа ако сака да игра финале.

Макединскиот репрезентативец Елмас го одигра целиот меч и беше на стандардното ниво, меѓу подобрите на теренот.

Утре во второто полуфинале двомечот ќе го почнат Милан и Јувентус на „Сан Сиро“.

 

- Оглас -

Најнови вести