Маестро Симон Трпчески денес го одржа својот концерт во Букурешт на којшто настапи во репрезентативниот дрес на Македонија.
Нашиот светски познат пијанист е голем и верен фан на Рисовите кои ги следи во живо секогаш кога има можност, па на овој начин им пружи поддршка пред утрешниот натпревар против Украина во второто коло на ЕП.
Настапот на маестро Трпчески беше проследен со громогласен аплауз, а беше изненаден и со подарок шал на Македонија, кој му го подари популарниот навивач Кипре.