Магично додавање на Азар како да е на Плејстејшн (Видео)

Еден Азар веќе две години се бори со честите повреди и никако да влезе во посакуваниот ритам во дресот на Реал Мадрид. Белигискиот репрезентативец пропушти многу мечеви поради повреди, а поради тоа ја загуби и препознатливата форма.

Сепак, дека е класа играч, Азар потврдува со потезите кои знае да ги направи и да ги воодушеви сите. Еден таков потег имаше токму на мечот против Осасуна. Азар стигна една топка покрај аут линијата, а потоа без гледање со петица даде феноменално додавање, кое многумина ги потсети како додавањата што ги има најчесто на фудбалската игра на Плејстејшн.

Реал Мадрид ја победи Осасуна со 2:0 и остана во трка за титулата во шпанското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести