Магијата на Иниеста не згаснува: Два гола и асистенција за демолирање на противникот (Видео)

Висел Кобе убедливо со 5:1 славеше во дерби дуелот со Урава, во 31. коло од јапонското првенство, а во центарот на вниманието беше Андрес Иниеста. Прославениот шпански фудбалер, иако има 37 години, беше незадржлив за противниците. Даде два гола, а имаше и една асистенција.

Кобе поведе во 8 минута со голот на Осако, а потоа следуваше шоу на Иниеста. Со прекрасен шут од слободен удар зголеми на 2:0 во 20 минута.

Во 35 минута беа решени сите дилеми околу победникот, откако Иниеста по втор пат го матираше противничкиот голман. Во второто полувреме, Иниеста реши да асистира и тоа го направи одлично за 4:1, а конечниот резултат го постигна уште еден поранешен играч на Барселона, Бојан Кркиќ.

Со оваа победа, Кобе се искачи на третото место на табелата со 57 бодови, додека Урава остана на 54 бодови и сега е на петото место.

 

- Оглас -

Најнови вести