„Магијата“ на Карачиќ и Стоилов е број 1 во Европа (Видео)

Македонскиот гигант Вардар пред малку повеќе од еден месец по втор пат ја покори ракометна Европа. „Црвено-црните“ го освоија трофејот во Лигата на шампионите откако во финалето беа подобри од Веспрем. Феноменалната игра на фајнл фор турнирот во Келн беше зачинета и со најдобрата асистенција во сезоната.

Игор Карачиќ беше во напад и на неверојатен начин успеа да ја додаде топката со Стојанче Стоилов, а капитенот на Вардар успеа да постигне гол. Токму оваа асистенција на Карачиќ беше прогласена за најдобра во гласањето на навивачите на ЕХФ-страната.

- Оглас -

Најнови вести