Магијата на ЛШ: Навивачи на Ливерпул и Тотенхем заедно навиваат (видео)

Атмосферата во Мадрид станува сè пожешка. Сè е подготвено за спектакуларното финале во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Тотенхем, кое ќе се одржи утре на „Ванда Метрополитано“.

Навивачите на двете екипи веќе се во шпанската престолнина, во одлично расположение се загреваат во пресрет на самиот натпревар. Во следниот видео прилог се гледа како навивачите на двете екипи заедно пејат песни, што е несекојдневие во најпопуларниот спорт на светот.

Иако во Англија секогаш во прв план се става ривалството, ова е магијата и убавината на ЛШ. Фактот што нивните екипи ќе играат во големото финале е доволна причина заедно да се радуваат и слават, а на крајот нека победи подобриот.

- Оглас -

Најнови вести