Магијата на Суарес што го сруши Интер (Видео)

Луис Суарес нема постигнато гол на гостински терен во Лигата на шампионите повеќе од четири години. Сепак, тоа не го спаси Интер, бидејќи Барселона вечерва играше на свој терен, а тогаш Уругваецот е многу опасен. Со двата гола во второто полувреме Суарес донесе голема радост на „Камп хоу“.

При првиот погодок, Суарес одлично реагираше и со волеј надвор од шеснаесетникот ја затресе мрежата на гостите. Голот за победа беше во соработка со Лионел Меси. Аргентинецот тргна во напад, навлече на себе неколку играчи и потоа асистираше до Суарес, кој знае да се снајде во таква ситуација кога ќе влезе во шеснаесетникот.

Погледнете ги двата погодоци на Суарес за пресврт и победа на Барселона против Интер.

https://youtu.be/IrSlvpzIoVg

https://youtu.be/TSMukOKZ7Mc

- Оглас -

Најнови вести