Стефон Кари има четири титули во НБА лигата и е во редот на најтрофејните активни кошаркари со таков подвиг, заедно со соиграчите Клеј Томпсон, Дрејмонд Грин и Андре Игудала од Голден стејт вориорс и со Леброн Џејмс од Лос Анџелес лејкерс.
Интересно е што најдобриот кошаркар во големото финале меѓу Голден стејт и Бостон дури сега ќе има чест, на свечена церемонија закажана за во август да му биде повлечен дресот со број 30 што го носеше на Дејвидсон колеџот.
Кари е поканет на 31 август да ја прими и дипломата за дипломската работа што ја одбрани во мај годинава.
https://twitter.com/BleacherReport/status/1537976832057741315?s=20&t=Q4O1lJbwGZK0N8kvPHSR1g
На свеченоста ќе биде повлечен и неговиот дрес со број 30 од школските денови минати на Дејвидсон, каде е најдобар стрелец во историјата, а држи уште неколку рекорди меѓу кои и тој со најмногу погодени тројки.