Махачев фаворит против Волкановски, Sport Life со многу игри за оваа борба!

Ислам Махачев против Александар Волкановски ќе биде главна борба на утрешниот УФЦ 294 настан во Абу Даби, а според квотите во Sport Life, фаворит за победа е Русинот, кој веќе има една победа против Австралиецот со македонско потекло извојувана во февруари.

Инаку, според квотите во Sport Life, фаворит е Махачев, а може да се обложите и на начин на победа (нокаут или судиска одлука), во која рунда ќе заврши борбата и кој ќе биде победникот. За похрабрите кои бркаат големи квоти, тука е тројната комбинација кој ќе победи, во која рунда и на кој начин.

Денеска беше мерењето, Махачев е малку потежок од „Александар Велики“, тоа не мора ништо да значи, битката ќе биде за титулата во лесна категорија, а ако победи Волкановски, кој само пред три недели дозна дека ќе има прилика да се бори со Махачев, ќе ги обедини титулите во перолесна и лесна категорија.

Секако, не изостанаа ни провокациите и вербалните дуели, Махачев му порача на Волкановски дека треба да му се заблагодари и го искритикува дека прифатил битка само поради пари иако знае дека ќе загуби. Минатиот пат Махачев победи со судиска одлука, овојпат најави нокаут.

Австралиецот врати дека кај Махачев гледа страв во очите и најави победа.

https://twitter.com/i/status/1715002994591216114

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести