Вакви махери за обложување има само во Македонија: Си заработи над пола милион денари со минимална уплата (ФОТО)

Со сигурност можеме да кажеме дека најголемите мајстори за обложување во светот доаѓаат во Македонија.

Ретко кој може да се пофали дека со 30 денари се пронашол махер којшто успеал да освои 520 илјади, и тоа на сите натпревари играјќи да има по два гола во прво полувреме.

МАЈСТОРОТ ОД СТРУГА ЧЕКАШЕ САМО НА „ЧЕРВЕНИТЕ“

Ливчето за кое пишувавме погоре и за кое навистина вреди секој збор беше уплатено во уплатниот објект Струга 4 на Sport Life.

Со 30 си заработи 520.898 денари, и тоа играјќи десет натпревари каде што бараше да има најмалку по два гола во првото полувреме.

Квотите беа фантастични, а исходите за овој наш обложувач беа уште порадосни.

Практично сите натпревари му „дадоа“ само по 30 минути игра.

Единствено, „најпроблематичен“ беше дуелот од бугарското првенство меѓу ЦСКА Софија и Черно Море.

Домаќините поведоа со 1:0 со автоголот на Мартин Дичев во 19-тата минута, додека вториот гол падна во последните секунди од судиското продолжение од првото полувреме, а стрелец беше Жорди Каиседо.

ОД „ЕДЕН ДО ТРИ“ ВО ДВЕТЕ ПОЛУВРЕМИЊА НОСИ РЕЧИСИ 300 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Во Велес, пак, на големо се славеше во саботата. Сите 12 средби беа од ниските англиски лиги, а со 100 денари и играјќи да има од еден до три гола во двете полувремиња.

Неверојатен е податокот дека на сите овие средби, натпреварите се „отворени“ најдоцна до 30-тата минута, додека вториот или пак третиот гол паѓал најкасно до 70-тата минута од средбата.

Сето ова го крева тикетот на едно многу повисоко ниво и практично без нервози си заработи добра сума.

Единствено „проблематична“ беше средбата меѓу Флитвут таун и Гилинхем, каде што првиот гол падна во 38-мата минута, а стрелец беше Харисон Бигинс, додека во вториот дел видовме два погодоци, и тоа доста рано, со што беше поставен конечниот резултат од 2:1.

КОМБИНАЦИИТЕ СО „СИГУРНИ“ КВОТИ ЗНААТ УБАВО ДА ИЗРАДУВААТ

Во денешно време ништо не е сигурно, но еден наш верен обложувач во уплатниот објект Крива Паланка 2, со комбинации коишто имаат сигурни квоти, си заработи убаво.

Поточно, со 200 денари уплата, стана побогат за 129 илјади денари, а на тикетот од 20 пара најголема квота му беше 1.78, а воедно таа беше и најризичниот натпревар.

Се бараше еден до три погодоци во двете полувремиња на средбата меѓу Лајпциг и Борусија Менхенгледбах.

Во првото полувреме сето тоа дојде навреме, но во второто и не беше толку едноставно.

Резултатот од првиот дел беше активен до 88-та минута, кога Рами Бенсебаини намали на 2:1.

Драмата беше уште поголема во судиското продолжение, кога Нкуду и Хендрикс дадоа два гола за Лајпциг, н, откако беше даден и четвртиот погодок, главниот судија веднаш означи крај.

И НА ФАВОРИТИТЕ СЕ ЗАРАБОТУВА УБАВО

Викендов навистина имаше неколку резултатски „бомби“, но овој мајстор од уплатното место Бараки Охрид со 50 денари си ги нареди фаворитите и си склопи добитен тикет од 72.293 денари.

Иако чекаше победа на домаќинот до самиот крај на средбата Башакшехир – Касимпаша, таа дојде и тоа во 92-рата минута.

Махмут Текдемир погоди за 2:1 и донесе голема радост кај овој наш обложувач, кој мераклиски сега ќе си ги троши парите пред новогодишните празници.

- Оглас -

Најнови вести