Мајами беше на едно полувреме до финале, остана без детелина со четири листа (Видео)

Мајами хит беше на половина чекор до пласман во големото финале во НБА лигатата, но прокоцка предност од 7 поени против Бостон селтикс што ја имаше по првото полувреме и го загуби петтиот меч од финалната серија на Истокот со 108:121.

Популарните Детелинки од Бостон покажаа силен карактер во меч што можеше и да ги испрати дома, ако загубеа. Моментно имаат негатива од 2:3 во победи, но се изборија за шестти меч против големиот ривал.

Џејсон Тејтум и Џејлен Браун заедно искомбинираа 59 поени и беа главниот фактор за вториот триумф на Бостон во финалната серија на Истокот.

Келтите го добија второто полувреме со 70:50, сосема доволно за да продолжат да се надеваат на подвиг и пресврт, иако имаа негатива од 1:3.

Тејтум имаше и дабл-дабл учинок со 31 поен и 10 скока, а до двоен ефект стаса и центарот Даниел Тајс со 15 поени и 13 скока.

https://www.youtube.com/watch?v=Gpmh9sqfF8U&feature=emb_logo

Мајами се уште има предност и со една победа во шесттиот, или евентуалниот седмиот меч ќе се пласира во големото финале, а клучен фактор беше лошиот удар за три поени. Погодија само 7 тројки од 39 обиди, или мизерни 19.4 проценти што ги чинеше втор пораз.

Горан Драгиќ со 23 поени беше најефикасен кај Хит, пред Данкан Робинсон со 20 и Џими Батлер со 17 поени. Следниот меч се игра на 29. октомври, а стандардно финалист и учесник во серијата за титулата ќе биде тимот што прв ќе стаса до четири победи.

- Оглас -

Најнови вести