Мајами даде 79 поени во првото полувреме, па можеше да си дозволи второто да го загуби со 20 разлика

Мајами хит го победи Бостон селтикс со 130-124 во првиот вечерашен меч во НБА лигата. Мајами е на едно место пред Бостон на табелата во источната конференција, но вечерва беше доста доминантен во првото полувреме, па можеше да си дозволи опуштање во второто.

Жешките во првото полувреме уфрлија дури 79 поени, водеа со 26 поени разлика, пет играчи на тимот од Флорида имаа двоцифрен број на поени по првиот дел, но Селтикс во второто полувреме го ублажи поразот.

Во победничкиот тим се истакна Батлер со 26 поени и 11 асистенции, а добри беа и Робинсон со 22, Адебајо со 20 и Ариза со 19 поени. Кај Бостон најефикасни беа Фурние со 30 и Тејтум со 29 поени.

- Оглас -

Најнови вести