Како Жешките ја добија драмата во која во последните 100 секунди имаше дури шест промени на водството (Видео)

НБА финалето уште не е готово. Мајами ја спасија првата шампионска топка што ја имаше Лос Анџелес лејкерс. Во драматичен меч, Жешките успеаа да го победат Лос Анџелес лејкерс со 111:108 и да намалат на 2:3 во победи.

Во таборот на Лејкерс беа убедени дека ќе слават, а како дополнителен адут им беше тоа што ги носеа „Мамба“ дресовите, кои се изработени во чест на Коби Брајант. Досега, секогаш кога Лејкерси играа со овие дресови, тимот од ЛА се радувал на победа, но кога беше најпотребно, загубија.

Мајами водеше во поголемиот дел од мечот, а на почетокот на последната четвртина имаа и 11 поени плус. Сепак, Лејкерс не се предаде и стигна до егал 103:103 на 94 секунди до крајот. Потоа двете екипи наизменично се менуваа во водство дури шест пати, а на крајот Мајами се радуваше на триумф.

 

- Оглас -

Најнови вести