Мајк Тајсон на 57 години се враќа во рингот!

Изненадувачка вест пристигна од САД, од каде се најавува враќање во боксерскиот ринг на Мајк Тајсон. Легендарниот боксерски шампион има 57 години, но прифатил да боксува против Џек Пол.

Веќе се договорени и сите детали. Мечот е закажан за 20 јули и ќе се одржи на стадионот на НФЛ екипата на Далас каубојс, кој може да собере и до 80.000 навивачи и се очекува да биде исполнет до последно место.

Тајсон е еден од најдобрите боксери на сите времиња и најпознат нокаутер. Професионалната кариера ја градеше од 1985 до 2005 година, кога стигна до 50 победи, а имаше и шест порази. Во рингот се врати повторно во 2020 година кога реши да боксува против уште една боксерска легенда, Рој Џонс. Нивниот меч траеше осум рунди, а на крајот заврши без победник.

Пол кој има 27 години воопшто не бил ни роден која Тајсон царуваше во боксерскиот ринг. Пол се прослави како Јутјубер, а од 2020 година влезе во професионалните боксерски води. Во 10 меча има девет победи, а единствениот пораз го претрпе од Томи Фјури. Јутјуберот е самоуверен во победа и порача „Време е да го испратам Челичниот Мајк на спиење“.

- Оглас -

Најнови вести