Мајка му е најбогатата Русинка, а тој на 22 години станува газда на Сандерленд

Нов сопственик на фудбалскиот клуб Сандерленд ќе биде 22-годишниот Кирил Луј Драјфус. Кирил е син на некогашниот газда на Олимпик Марсеј, покојниот Роберт Луј Драјфус, и на Маргарита Богданова, која важи за најбогата Русинка. Драјфус раководењето со Сандерленд ќе го преземе некаде на почетокот на 2021 година. Целта му е актуелниот третолигаш да го врати во Премиер лигата.

Процесот на преземање ќе трае најмалку до средината на јануари, па затоа дотогаш нема да има реакции од клубот и од младиот Драјфус, чии родители со успех го водеа Марсеј, а во 2016 година го продадоа францускиот клуб. Сандерленд има шест титули во Англија, но последната во далечната 1936 година.

- Оглас -

Најнови вести