Мајката на Ѓоковиќ: Не верував дека Новак ќе се ожени со Јелена

Дијана Ѓоковиќ, која е мајка на најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, откри интересни детали од љубовниот живот на Ноле од времето пред да ја запознае сопругата Јелена.

„Беа деца кога се запознаа со Јелена. Кога имаа по 18 години, не мислев дека ќе се венчаат. Но, ете, моето мислење беше погрешно и се ожени со неа. Новак како тинејџер немаше време за забави бидејќи постојано беше на пат поради настапи на тениски турнири. Пред да ја запознае Јелена, имаше девојка одбојкарка од Краљево“, вели мајката на Ѓоковиќ.

Дијана додава дека има работи за кои не се согласува со снаата Јелена, особено околу исхраната, но свесна е дека тие си се посебно семејство и не сака да им се меша.

Новак и Јелена се запознаа во 2005 година, кога Ѓоковиќ имаше 17 години. Сега тие се во брак и имаат две деца, синот Стефан и ќерката Тара.

- Оглас -

Најнови вести