Мајката на Роналдо пуштена од болница

Мајката на Кристијано Роналдо Долорес, денес доби дозвола да се врати дома откако во изминативе три недели се наоѓаше во болница. Долорес претрпе мозочен удар на 3 март по што веднаш беше пренесена во болницата во Мадеира, а набрзо потоа и Роналдо се врати да биде покрај неа.

Нејзината здравствена состојба очигледно е подобрена и сега е дома заедно со своето семејтсво, вклучувајќи го и Кристијано, каде што ќе треба да се придржува до препораките за самоизолација како превентива за заразување од опасниот коронавирус.

- Оглас -

Најнови вести