Мајкл Џордан јасно и гласно ги поддржа протестите и им се закани на властите

Легендарниот Мајкл Џордан застана зад демонстрантите кои веќе неколку дена прават нереди во десетици градови во САД. Демонстрациите започнаа како револт поради смртта на црномурниот Џорџ Флојд, кој буквално беше задушен од полицаец кој со коленото околу 10-тина минути стоеше врз вратот на уапсениот. Додека лежеше на земја, Флојд го молеше полицаецот да го тргне коленото од неговиот врат затоа што не можел да дише, но полицаецот воопшто не го слушаше и на крајот го задуши.

„Многу сум тажен, повреден, но и многу лут. Гледам и чувствувам дека многу луѓе имаат голема болка. Ја чувствувам и нивната фрустрација и бесот. Ги поддржувам сите оние кои го кренаа гласот против расизмот и насилството кон обоените луѓе во нашата земја. Доста е. Немам одговори, но нашиот заеднички глас против ваквите ситуации покажува дека ништо не може да нè подели. Мора да се продолжи со мирни протести против неправдата и да се бара одговорност од властите. Нашиот заеднички глас треба да допре до водечките луѓе на оваа земја и да ги променат законите. Ако не го направат тоа, ние ќе ги смениме нив на избори“, вели Џордан, во дел од соопштението кое го упати, незаборавајќи да упати сочуство до семејството на убиениот Флојд.

Убиениот Флојд беше уапсен откако еден продавач го пријавил дека сакал да му плати со неважечки чек. На крајот, неговото приведување заврши трагично.

- Оглас -

Најнови вести