Мајкл Џордан само лани заработи два и пол пати повеќе од тоа што доби во текот на целата играчка кариера

Легендарниот Мајкл Џордан во 2022 година имаше заработка од 256 милиони долари благодарение на договорот што го има со фирмата за спортска опрема „Најки“. Оваа сума е два и пол пати поголема од тоа што Џордан заработи во текот на целата НБА-кариера. Како играч, Џордан од договорите заработи околу 100 милиони долари, сума која е незамисливо мала за НБА-ѕвездите.

Сепак, по завршување на играчката кариера, Џордан создаде спортски бренд чија вредност во 2021 година достигна неверојатни 4,8 милијарди долари.

Се проценува дека Џордан моментално финансиски е „тежок“ 1,7 милијарди долари. Според многумина, Џордан е најдобриот кошаркар во историјата на НБА-лигата. Со тимот на Чикаго, тој шестпати беше првак во најсилната кошаркарска лига во светот.

- Оглас -

Најнови вести