Мајкл Овен прв пат ја откри семејната драма и зошто никогаш нема да има наследник во фудбалот

Некогашниот англиски репрезентативец Мајкл Овен, реши јавно да објасни зошто никогаш нема да има свој фудбалски наследник. Овен е татко на четири деца, од кои три се девојчиња и едно момче. Токму 13-годишниот син Џејмс требаше да биде новиот фудбалер од семјеството Овен, но тоа нема да се случи. Детето има тешко заболување на очите.

„Џејмс никогаш нема да биде фудбалер. Син ми има заболување на очите. Клинички тој е слеп. Страда од ретка болест и не може да ја види топката, ако не е барем на 5 метри до него. Сите постојано ме прашуваат кога тој ќе стане фудбалер, но факт е дека никогаш нема да биде фудбалер“, открива Овен, кој е носител на Златната топка од 2001 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести