Бекот на Лајпциг, Норди Мукиеле лошо реагираше во 13. минута, ја изби топката без контрола и му намести зицер на капитенот на Мајнц, Муса Нијакате за победа на домаќините од 1:0.
Ова е победа во ранг на сензација поради проблемите на Мајнц со Ковид-19. На два дена пред почетокот на новата сезона во Бундеслигата беше објавено дека тројца фудбалери на Мајнц се позитивни на корона-вирус, па дури во опција беше и мечот да се одложи.
За среќа на домаќините сепак немаше одложување, па се случи изненадувачки исход на „Опел арена“ и пораз на вицешампионот на Германија.
Голот на Нијкате, кој постигна три погодоци за Мајнц против Лајпциг на последните два меѓусебни дуели можете да го погледнете ОВДЕ.
Лајпциг потоа доминираше во сите елементи на фудбалската игра, но гостите не успеаја да ја затресат мрежата на Мајнц и да се спасат од пораз.

