Мајнц ќе се обиде како Баерн – Го отпушти тренерот, наследник ќе му биде досегашниот асистент

Бундеслигата е на сaмиот старт од сезоната, а само по две кола, веќе се случи втората тренерска смена. По Давид Вагнер, кој доби отказ во Шалке 04, уште еден тим што почна со два порази се одлучи на рез на шефот на стручниот штаб.

Мајнц со взаемен договор со Ахим Бајерлорцер одлучи да дојде до разделба, а како замена за досегшаниот стратег е именуван еден од неговите помошници, Жан-Мориц Лихте.

Тој ќе биде привремен тренер, но во зависност од резултатите, можно е да остане на кормилото на Мајнц до крајот на оваа сезона.

Слично решение како што промовираше Баерн Минхен по смената на Нико Ковач и именувањето на Ханси Флик. Тренер што почна како в.д., продолжи во блескав стил само со 4 порази на 40-тина меча и со 4 пехари освоени со Баерн.

Во Мајнц, кој е клуб со многу помал рејтинг од баварскиот гигант, се очекува само да се сопре серијата порази и што побрзо да се излезе од кризата и од опасната зона за испаѓање од Бундеслигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести