Мајнц не простува најстрога казна: Седум години серија, 27 погодени пенали за бундеслигашки рекорд

Мајнц досега незабележано постави рекорд во Бундеслигата за најмногу последователно реализирани пенали. Во средата, на гостувањето кај Борусија Дортмунд, младиот Матета го постигна 27-миот гол од пенал за Мајнц во низа, а оваа серија трае повеќе од седум години.

Дефинитивно реализирањето најстрога казна е голем адут на тимот кој се бори за опстанок во елитата, а токму погодокот од белата точка на Матета пред два дена ги осигури клучните бодови против Милионерите во триумфот од 2-0.

Во последните две кола Мајнц треба да се соочи со Вердер Бремен на домашен терен, Баер Леверкузен на гости во последното коло, така што овој рекорд може дополнително да се подобри доколку Мајнц добие пенал во своја корист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести