Мајнц пред мечот со Хофенхајм беше 17-ти, сега е 14-ти

Роберт Глацел првпат во кариерата беше стартер, и после само 27 секунди игра даде гол за водство на Мајнц на гостувањето кај Хофенхајм, со што го најави изненадувањето. Тоа е еден од најбрзите голови во историјата на Бундеслигата.

Мајнц победи со 2-1, и со трите бода ја напушти опасната зона на табелата. Пред натпреварот, Мајнц беше 17-ти, претпоследен, а сега е на 14-то место. За Мајнц ова е втора победа по ред во Бундеслигата, па успеа да ги прескокне Арминија, Келн и Херта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести