Мајнц со пресврт го доби локалното дерби со Ајнтрахт, Калјари на ист начин ја победи Сампдорија

Мајнц доживува вистинска позитивна трансфромација со новиот тренер Бајерлорцер, а ја забележа и втората победа по ред, вечерва против Ајнтрахт со 2:1.

Во локалното дерби гостите од Франкфурт влегоа подобро и поведоа со голот на Хинтерегер во 34-тата минута, но потоа беше исклучен Доминик Кор.

Предноста од играч повеќе умешно ја искористи Мајнц и со два гола во второто полувреме победи со 2:1. Стрелци беа Онисиво и Шалаи, а Мајнц по успехот против Хофенхајм и триумфот од 5:1, ја забележа и втората победа со новиот тренер на кормилото.

Драматичен меч одиграа и Калјари и Сампдорија, последен од 14-тото коло во Серија А, а домаќините приредија невиден подвиг и победија со 4:3.

Гостите од Џенова прокоцкаа двојна предност од два гола разлика и на крајот загубија со 4:3.

Со головите на Квалјарела од пенал и на Рамирес, Сампдорија поведе со 2:0, па Најнголан намали, но повторно Квалјарела стапи на сцена и во 70-тата минута гостите водеа со 3:1.

Сепак, во кус рок од две минути Жоао Педро со два гола израмни на 3:3, а Алберто Чери со погодок во 97-мата минута му донесе голем триумф на Калјари.

- Оглас -

Најнови вести