Мајорал му донесе златен бод на Леванте

Енис Барди одигра цел меч за Леванте на мошне важниот меч во Сан Себастијан против Реал Сосиедад, а неговиот тим освои голем бод.

Борха Мајорал беше јунакот на гостите и со гол во 79. минута израмни на 1:1, сосема доволно да се остане непоразен на тешкото гостување на легендарната „Аноета“.

Реал Сосиедад беше многу подобар во првото полувреме и со голот на Андан Јанузај поведе со 1:0. Како мал куриозитет, гостите не упатија ниту еден удар кон домашниот гол во првите 45 минути.

Но, сепак Рули ја вадеше топката од мрежа во финишот кога Мајорал беше прецизен, а Леванте со тој гол одигра нерешено.

И сега има 31 бод, шест повеќе од Селта, екипа која е прва под зоната за опстанок. Реал Сосиедад е релативно безбеден со 36 бодови на деветтото место во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести