Мајстор Барди брилјираше како двоен стрелец во лигашкото деби, но Трабзон е декласиран во Анталија (видео)

Енис Барди имаше брилијантна вечер во своето лигашко деби за Трабзонспор, но турскиот првак не успеа да му ја украси голгетерската вечер со победа. Македонската ѕвезда како двоен стрелец ги враќаше гостите од негатива од два гола, односно од 2-0 на 2-2, за на крајот сепак Анталијаспор да триумфира со 5-2.

Македонскиот репрезентативец одново беше прецизен во 73-тата минута, кога одлично се снајде пред шестнаесетникот, со лажен дриблинг изгради простор за удар и го совлада противничкиот голман.

https://twitter.com/anlikgoller_2/status/1561087414063472642

Претходно Барди го украси своето лигашко деби за турскиот првак со гол за намалување на резултатот од 2-1.

За помалку од 10 минути по вториот гол на Барди, домаќините стигнаа до победничкиот погодок преку Бајракдар, кој во финишот погоди и за 4-2, односно во судиското надополнување стрелаше одново Рајт за конечните 5-2.

- Оглас -

Најнови вести