Мајстор од Кочани погоди само три меча и доби над 264.000 денари

Прогнозер кој во неделата вечерта уплатил 410 денари на еден тикет во објектот на Sport Life, наречен Кочани 2, се покажа како „видовит“ и погоди три меча кои му донесоа добивка од дури 264.642 денари.

Овој кочанчанец реши да ризикува со тоа што ќе уплати на три меча со многу големи квоти кои ги носи играта „гол-гол и 3+ прво полувреме“ со која се типува дека ќе има 3+ голови во првото полувреме, а до крајот на натпреварот и двата тима ќе постигнат гол.

Станува збор за средбите од Словенија помеѓу Марибор и Домжале (полувреме 3-0, конечен резултат 3-1), романската ФЦСБ – Универзитатеа Крајова (полувреме 3-0, конечни 4-1) и пријателскиот меч Спортинг Лисабон – Лион (полувреме 2-1, на крај 3-2).

Овој обложувач кој уплатил во Кочани уште по првите 45 минути ја погоди прогнозата на мечот помеѓу Спортинг и Лион, а немаше никаква драма и не чекаше премногу долго ниту на другите два меча, па на околу половина час пред завршувањето на натпреварите, славењето можеше да почне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести