Мајстор си е мајстор, неверојатен потег на Форлан во мечот на легендите во Катар (Видео)

Поранешниот уругвајски репрезентативец, Диего Форлан, иако пет години се наоѓа во фудбалска пензија, покажа дека не ја загубил магијата и ги воодушеви сите со неверојатниот потег на натпреварот на легендите во Катар што се играше на мал терен.

Средбата на поранешните фудбалери беше увертира во големото финале на СП, во кое Аргентина славеше над Франција по подобро изведување пенали, и токму Форлан ги крена навивачите на трибините на нозе по неверојатниот гол.

„Остана уште малку магија,“ напиша Форлан на видеото во кое на импресивен начин го искористи додавањето од Едгар Давидс.

 

- Оглас -

Најнови вести