Мајстори се за шминка, ама маните на „Ренцо Барбера“ не можат да ги сокријат пред мечот со Македонија (Видео+Фото)

Фудбалската федерација на Италија и особено градските власти во Палермо забрзано работат на шминкање на стадионот „Ренцо Барбера“ за дуелот против Македонија на 24. март.

На стадионот што има капацитет од 37 илјади места има многу недостатоци на еден месец до почетокот нa баражот што ќе го играат Италија и Македонија во првиот од двата предвидени чина за пат во Катар.

Италијанскиот новинар Андреа Мурџија кој пишува за „Република“ беше во посета на стадионот во Палермо и објави интересни податоци.

„Се работи со забрзано темпо на четири сектори на трибините, особено за ложата и на коменаторските позиции. Се шминка и изгледот на соблекувалните, но сепак има и многу недостатоци. Санитарниот чвор што ќе го користи публиката, а се надеваме на полн капацитет е стар и несоодветен за ваков меч. И тревникот е во лоша состојба, но да оставиме да се доработи според комплетниот план, па потоа можеме да коментираме и критикуваме“, напиша Мурџија.

Особено загрижува изгледот на тревникот на стадионот, а токму за тој дел имаше многу негативни коментари и италијанската федерација дури најави и алтернативни стадиони што би биле домаќини на мечот, доколку во Палермо нема идеални услови за игра.

Претходно на италијанскиот портал „I Love Palermo“ беше објавено видео од очајната состојба со санитарниот чвор на стадионот.

Како изгледа можете да погледнете ОВДЕ.

Сега е веќе доцна за промени и сигурно ќе се игра во Палермо, а од 4. март ќе почне и продажбата на билетите, чија цена се движи од 10 до 60 евра.

Победникот од овој меч ќе го игра и вториот и последен бараж дуел за пат во Катар, а ќе и биде гостин на Поругалија, или Турција на 29. март.

 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести