Мајстори си се мајстори, Кари и Кармело како во најдобрите денови (Видео)

Стеф Кари со 40 поени и десет погодени тројки беше најзаслужен за победата на Голден стејт против Орландо од 111-105. Со вакво издание на Кари, Вориорс може да бидат оптимисти за остатокот од сезоната. Освен тоа што погоди 10 тројки, Кари играше добро и во одбрана, имаше четири украдени топки, а имаше и осум скока и пет асистенции.

Кари го изедначи својот НБА-рекорд од 13 меча по ред на кои дава барем четири тројки. Десетте тројки ги даде од 19 обиди, па Голден стејт сега има низа од осум домашни победи по ред против Магичните. Кари вторпат сезонава, а 17-ти во кариерата, погоди двоцифрен број тројки на еден меч.

Налетот на Филаделфија која ги имаше расположените Ембид и Симонс, беше запрен од Портланд, а изненадувањето за 76-ките беше ветеранот Кармело Ентони. Крилото е најзаслужно што Блејзерс победија со 118-114 затоа што од своите 24 поени, дури 17 постигна во клучната последна четвртина.

Погледнете го шутерското шоу на Кари:

https://twitter.com/i/status/1360113048837619718

 

- Оглас -

Најнови вести