Мајсторија на Алисон, направи комбинација од Том Брејди и Роналдо (Видео)

Една од работите кои фудбалските голмани треба да знаат добро да ја прават е фрлање на топката далеку напред со голема прецизност и со тоа да учествуваат во опасна акција на својот тим. Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, покажа еден добар потег кој го направи за време на карантинот. Нему не му пречи премногу што седи дома бидејќи може да тренира во двор.

Бразилецот се пофали како од голема далечина успеа да ја уфрли топката низ отворен капак на покривот од куќата. Потег на кој би му аплаудирале и најдобрите квотербекови во НФЛ-лигата во американскиот фудбал. Прославата на погодокот му беше во стилот на португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо.

„Ефектот на карантинот“, напиша Алисон.

- Оглас -

Најнови вести