На мечот помеѓу Младост Нови Сад и Железничар од Панчево од првата српска лига (втора по ранг по Суперлигата), кој заврши со 2-0, вториот гол беше мало ремек-дело, кое ретко се гледа.
Мајсторијата во изведба на Никола Поповиќ заслужува да се види, овој луциден потег може да му донесе и трансфер во поголем клуб. Поповиќ во 90-тата минута со пета ја крена топката и го лобуваше голманот и ја смести топката во мрежа.