Мајсторијата на Миранчук и пораката „њет гол“ од ВАР ја „закопаа“ Финска

Финска, која пријатно изненади со победата над Данска, прими гол од Русија во судиското продолжение на првото полувреме на нивниот дуел на Европско првенство, па Русите имаат предност од 1-0. Дебитантот на европските шампионати можеше и да води или да има барем реми бидејќи даде гол во четвртата минута, но од ВАР-собата му го поништија погодокот на Похјанпало поради минимален офсајд.

Миранчук од Аталанта во финишот на првиот дел даде убав гол, прв за Русија на ова ЕП, а за Финците тоа е прв примен гол на ЕВРО 2020.

- Оглас -

Најнови вести