По сигурниот пласман на Олимпијакос и Фенербахче на завршниот турнир на Евролигата во Абу Даби, преостануваат уште две четвртфинални серии кои ќе ги дадат последните полуфиналисти.
Првиот дуел од „мајсторките“ се игра во Монако, каде што вечерва гостува Барселона, а резултатот во победи во серијата е 2-2. Монако имаше предност од 2-0, но Барселона успеа да се врати со две победи на домашен терен и сега серијата се враќа во Кнежевството.
Каталонците имаат подобар биланс оваа сезона во меѓусебните дуели и важат за благи фаворити, особено поради проблемите со самодовербата и ефикасноста на Монако во последните мечеви. Дополнителен проблем за домаќините е слабиот ефект на нивната најголема ѕвезда Мајк Џејмс, кој ја игра една од своите најслаби сезони во Евролигата.
Во вториот дуел ќе се сретнат Панатинаикос и Анадолу Ефес, исто така при израмнет резултат 2-2 во победи. Натпреварот ќе се игра во „ОАКА“ во Атина, каде што се очекува пеколна атмосфера. И двете екипи се поранешни европски шампиони, а оваа серија се покажа како една од најнепредвидливите.
Панатинаикос има предност на домашен терен, но Ефес влезе во одлична форма во финишот од сезоната и не треба да се потцени. Тренерот Лука Банки успеа да внесе дисциплина во екипата, а клучна улога може да имаат играчите како Дарјус Томпсон и Шејн Ларкин, иако тие досега не блескаа. На страната на домаќините сѐ ќе зависи од тоа дали Нан ќе успее да го поправи слабото издание од претходниот натпревар.
„Мајсторките“ за пласман на Ф4 во Евролигата, секако, имаат посебен третман и во Sport Life. Покрај стандардните квоти, можете да најдете и квоти за индивидуалниот ефект на кошаркарите, за постигнати поени, асистенции, скокови, како и за постигнати тројки.
