Мајсторска фантазија со троен капитен – Пукна првата стотка на Спорт Манија, Жезус донесе победа со 57 од 107 поени (Фото)

Пукна и првата стотка во групата на Спорт Манија во играта Фантази во Премиер лигата што е многу популарна кај љубителите на фудбалот, а победник во второто коло е Бојан Тасевски, кој состави најдобар тим, што му носи 107 поени.

Клучен за победата што Спорт Манија и Sport Life ќе ја наградат со ваучер од 300 денари беше мајсторскиот потег и одлуката Габриел Жезус да се одигра како троен капитен.

Бразилецот од Арсенал блескаше против Лестер со два гола и две асистенции и доби вкупно 19 поени.

Кај победникот 19-ката се множи трипати и носи дури 57 поени, повеќе од целиот остаток од победничкиот тим во второто коло во групата на Спорт Манија.

Бојан со вкупно 167 поени успеа да избие и на врвот во Генералниот пласман во групата на Спорт Манија, заедно со Владимир Петров, кој во втората рунда има 96 поени, што е трет најдобар резултат и добива ваучер од 100 денари што може да се искористи во Sport Life.

Меѓу нив, на второто место во второто коло е Михаел Штаргоски со 97 поени и тој ќе добие ваучер од Sport Life во вредност од 200 денари.

Играта е на самиот почеток и сите што учествуваат на Фантази Премиер лигата можат да се приклучат во групата на Спорт Манија и да учествуваат во трката за неделните награди од 300, 200 и 100 денари во вид на ваучери од Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести