Многумина беа изненадени од некои од вчерашните резултати на осминафиналните дуели од Лигата на шампионите, но не и штипјанец, кој и пред мечевите очекувал по две победи на домашните и гостите, со не повеќе од три гола на секој од четирите натпревари.
Овој обложувач уплатил 150 денари на тикет во објект на Sport Life во Штип и има одлична бруто-добивка од над 45.000 денари.
Секако, и среќата била на негова страна. Во Лисабон лесно можеше да падне и четврти гол при 3-0, Спортинг погоди статива, Реал Мадрид дури во последните моменти ја обезбеди победата во Манчестер, а во Лондон на Челзи – ПСЖ третиот гол падна во 62-рата минута, па половина час се надевал дека нема да има уште еден погодок. Желбите му се исполнија, наградата е заслужена.


