Макаби му покажа на Олимпијакос што значат 30 секунди во кошарката (Видео)

Скоти Вилбекин одигра симултанка во самиот финиш на дуелот меѓу Макаби и Олимпијакос и со шест поени му донесе победа на израелскиот првак од 71:70.

Гордоста на Израел, како што го нарекуваат Макаби, само за 30 секунди успеа да направи голем пресврт во финишот на мечот и од негатива од 65:69 да стигне до голем триумф од 71:70.

Вилбекин беше најефикасен на мечот со 21 поен, а погодуваше и кога беше најпотребно за тимот. Најпрво ги погоди сите три слободни фрлања, а потоа даде и победничка тројка на 10 секунди до крајот.

Во останатите натпревари што се одиграа денеска во рамките на 26-тото коло, Барселона ја победи ЦСКА во Москва со 82:80, Баерн беше подобар од Зенит и победи со 77:68 на гости, хет-трик за гостинските екипи донесе Анадолу Ефес со триумф од 99:86 во Берлин против Алба, а Виторија ја декласира Црвена ѕвезда со 71:56.

 

- Оглас -

Најнови вести