Маката ги натера: Од досада, фудбалерите станаа „домаќинки“

Италија е во карантин веќе неколку дена, на граѓаните им е препорачано да останат во своите домови бидејќи тоа е најсигурниот начин да се прекине ширењето на коронавирусот. Прогласена е вонредна состојба откако се пријавени повеќе од 17.000 случаи на заразени.

Има и фудбалери кои се заразени од вирусот Ковид-19, како на пример Даниеле Ругани од Јувентус, а нови случаи се појавија и во Фиорентина и Сампдорија.

Што се однесува за фудбалерите конкретно во Серија А, на сите поединечно им се дадени инструкции од клубовите, односно програма по која треба да се држат со цел колку толку да останат во форма. Еден од нив е Саму Кастилјехо, членот на Милан, кој покрај програмата за вежбање се изјасни како му поминуваат деновите во домашна изолација, а според неговата изјава тој практично стана домаќинка – маката го натера.

„Многу е досадно, но таква е ситуацијата. Се држам по програмата која ми ја даде клубот, но сепак голем дел од денот ми е слободен, а мора да седам дома. Во меѓувреме спијам, а по потреба готвам и чистам низ дома. Остатокот од времето го поминувам со семејството и пријателите“, истакна Кастилјехо.

- Оглас -

Најнови вести