Макeдонија со победа над Србија се загрева за СП

Македонската ракометна репрезентација без поголеми проблеми ја совлада селекцијата на Србија со 37-31, во контролен меч одигран во „Борис Трајковски“, во Скопје. За нашите најдобри ракометари, ова беше прв од двете пријателски средби против Србија, во пресрет на Светското првенство кое од 10 јануари ќе се игра во Германија и Данска.

Србија само во првите неколку минути даваше отпор, кога беше и нерешено 7:7, a потоа следуваше фуриозна игра на Македонија. Посебно добро функционираше нападот, па на полувремето нашите репрезентативци имаа предност од 19:13. Во овој дел посебно атрактивен беше погодокот на Дејан Манасков, кој даде магичен гол.

Во второто полувреме, Македонија продолжи со сигурна игра, а во еден момент имаше и 12 голови предност. Потоа шанса добија помладите кои покажаа дека се подготвени за големо натпреварување.

Дејан Манасков беше прв стрелец со 9 погодоци, а потоа следуваа Кузмановски со 6 гола, Кирил Лазаров и Пешевски погодија по пет пати, а Гоце Георгиевски даде 4 гола.

Утре, овие две селекции ќе одиграат уште еден пријателски меч.

Во останатите пријателски мечеви кои се играат денеска: Германија – Чешка 32:24, Португалија – Тунис 28:31, Саудиска Арабија – Белорусија 23:36, Хрватска – Црна Гора 34:22, Шпанија – Полска 34:28.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести