Македонец ги урива германските рекорди во аматерските лиги – Постигна 13 гола, 10 во првото полувреме и девет по ред

Александар Стоилов е Македонецот што ги урива рекордите во аматерските лиги во Германија откако за Македонија Штутгарт постигна 13 гола во победата од 17:0 против Германија Дегерлох.

Неверојатното гол-шоу на 21-годишниот Стоилов, сепак, не е со најголем број погодоци во неговата кариера, откако пред две години постигна 15 гола на меч што заврши 21:6 за неговата екипа.

Сега даде вкупно 13, 10 од нив во првото полувреме, од кои првите 9 по ред од втората до 39-тата минута. Иако се работи за аматерска лига, сепак подвигот и неверојатните 13 гола го привлекоа вниманието и на реномираниот „Кикер“, па објавија и приказна за Стоилов.

„Тренерот Живко Колев сакаше да ме замени на полувремето. Ми рече 10 гола се доста, но јас сакав да си го урнам рекордот од 15 погодоци. Не успеав, но и вака е добро со 13 гола. Сега сакам да ја минам границата од 100 гола во иста сезона“, изјави Стоилов за „Кикер“.

Стоилов досега има постигнато 46 гола, а пред него е Бурхан Бајат, исто така играч од аматерските лиги со 52 гола.

 

 

- Оглас -

Најнови вести