Македонец со знаме во рацетe беше во центарот на ерупцијата од радост на „Олд Трафорд“ (Видео+фото)

Манчестер јунајтед синоќа одигра уште еден легендарен меч откако по негатива од 0:2 на полувреме против Аталанта, на крајот стигна до победа од 3:2. Рашфорд и Мегваер погодија за 2:2, а потоа кој друг ако не Кристијано Роналдо, со удар со глава го комплетира пресвртот за голема радост на „Олд Трафорд“.

По постигнувањето на голот на Роналдо, култниот стадион „Олд Трафорд“ еруптираше од радост. Над 70.000 фанови на Јунајтед скокаа од среќа, а камерата меѓу фановите на трибините го забележа и македонското знаме со сонцето од Кутлеш.

https://youtu.be/Dtf8Hmodml0

По постигнувањето на голот, Роналдо славеше токму пред знамето со сонцето од Кутлеш. Тоа знаме беше во рацете на еден од најпознатите македонски навивачи за Манчестер јунајтед, член на фановите на Манчестер јунајтед од Македонија, Александар Зелениковски.

Тоа е човек кој и претходно знаел да замине на „Олд Трафорд“ и во живо да го следи својот омилен тим, но овојпат токму тој се најде во центарот на големото славење.

 

- Оглас -

Најнови вести