Македонецот е пред голем трансфер: Димитриевски е на чекор од Барселона

Столе Димитриевски е пред трансфер во Барселона, таква вест утрово одекна низ шпанските медиуми.

Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата брани одлично во првиот дел од сезоната за Рајо Валјекано и со тоа го привлече вниманието на шпанскиот великан.

Според информациите, Барса на Рајо ќе му плати скромни седум милиони евра, што во денешно време е ништо во споредба со сумите коишто се даваат за фудбалерите.

Нè делат само моменти од реализацијата на овој трансфер, кој несомнено ќе биде еден од најголемите во фудбалската историја на Македонија.

Столе не бранеше на вчерашната средба на Рајо поради наводна повреда, но по сè изгледа неговиот агент, како и претставниците на клубот договарале детали за трансферот.

- Оглас -

Најнови вести