Одлична Македонија – Доминираме во Никозија, со офанзива се брани првото место

Македонија апсолутно доминира во Никозија против Ерменците и иако по првото полувреме нема голови, имавме шанси да водиме.

Доминацијата на теренот е очигледна со 66 отсто посед на топката на избраниците на Игор Ангеловски, а сите репрезентативци даваат сè од себе да се забележи успех и да се остане на првото место што гарантира пробив во Сегментот Б во Лигата на нациите.

Одлично деби има Енур Тотре, со него во средниот ред забележителен настап има и Тихомир Костадинов, одбраната на чело со голманот Шишковски е цврста, а и офанзивата ни беше солидна.

Иван Тричковски и Александар Трајковски се обидоа да го совладаат Јурченко, но голманот на Ерменците не дозволи предност на Македонија.

Ни одговара и реми, но очигледно е дека Игор Ангеловски и неговите избраници немаат намера да се бранат и сè оди на победа за сигурно прво место во втората група од Сегментот Ц.

- Оглас -

Најнови вести