Јармоленко ја круниса надмоќта на Украина, Македонија има негатива од еден гол

Акцијата на Украина во 28-мата минута, во која Столе Димитриевски нè спаси од негатива, само навести дека Македонија не може долго да го издржи притисокот на ривалот и веднаш потоа и прими гол.

Малиновски нафрли, Зинченко се обиде веднаш да погоди, а топката дојде до Јармоленко, кој од два метри лесно погоди. Слична грешка на нашата одбрана ѝ се случи и при првиот гол на Австрија.

Украинците се подобри во првите половина час, или во првата третина од мечот, а до голот имаа неколку опасни позиции за да го загрозат голот на Димитриевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести